Почетна
Македонија

Владата одобри задолжување од 1,3 милијарди евра што ќе се реализира во 2027 година

Министерството за финансии вели дека средствата ќе ги покријат дефицитот за 2027 и отплатата на доспевачки обврски, вклучувајќи Еврообврзница од 2023.

·Македонија
Владата одобри задолжување од 1,3 милијарди евра што ќе се реализира во 2027 година

Владата одлучи да започне постапка за ново задолжување на меѓународниот пазар во висина од 1,3 милијарди евра, што според најавите треба да се реализира во текот на 2027 година. Од кабинетот на министерката Гордана Кочовска Димитриевска за ТВ 24 велат дека дел од средствата ќе бидат наменети за финансирање на буџетскиот дефицит за 2027 година и за отплата на доспевачките обврски.

Целта: дефицит и отплата на Еврообврзницата

Министерството за финансии во официјален исказ ги образложи намерата: "Средствата ќе бидат наменети за финансирање на буџетскиот дефицит за 2027 година и отплата на обврските што достасуваат по основ на претходни задолжувања, вклучително и за Еврообврзницата издадена во 2023 година, а достасува во 2027 година. Предвиденото задолжување е согласно Фискалната стратегија и Стратегијата за јавен долг. Јавниот долг пак согласно последните објавени податоци заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 58,8% од БДП и забележа намалување од 0,1 п.п. во споредба со нивото на јавниот долг во првиот квартал од 2026 година."

Од опозициската партија Левица реагираа остро, обвинувајќи дека власта дојде со ветување за намалување на јавниот долг, а го зголемила за 21% и дека новото задолжување ја пренесува трошокот во иднината. Левица во својата реакција наведува: "Товарот од ваквата политика не исчезнува со ново задолжување, туку се префрла во иднината. Колку повеќе средства се издвојуваат за камати и отплата на стари долгови, толку помалку простор останува за здравство, образование, социјална заштита, инфраструктура и производни инвестиции. ММФ. Наместо структурни економски реформи, граѓаните добиваат нови долгови и сè поголем трошок за нивно сервисирање",

СДСМ исто така ја критикуваше одлуката, тврдејќи дека парите се земаат за изборни потреби додека државната каса е празна. Премиерот Мицковски, пак, го истакна реалниот раст на економијата од 4,3% во второто тримесечје и оцени дека инфлацијата во последните два месеци е за 50% пониска од европското ниво.

Според официјалните податоци за 2026 година, јавниот долг е над 10,7 милијарди евра или близу 60% од БДП. Пресметките на нето надворешниот долг по глава на жител покажуваат дека секој граѓанин должи околу 2.620 евра. На крајот на јуни, кон странство биле должни 4.763 милиони евра, а за само три месеци таа сума пораснала за уште 30 милиони евра.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи