Во еден викенд во Црна Гора влезиле повеќе луѓе отколку што има жители
На граничните премини за два дена регистрирани 632.766 влезови на патници, што е повеќе од пописниот број од 623.633 жители во 2023 година.

За време на изминатиот викенд на граничните премини во Црна Гора биле регистрирани вкупно 632.766 влезови на патници и 146.147 влезови на моторни возила.
Бројот на влезови го надмина бројот на жители
Овој дводневен прилив на патници е поголем од вкупниот број жители на државата според пописот од 2023 година, кој изнесува 623.633 жители.
Најинтензивен сообраќај имало на граничниот премин Добраково, на границата со Србија, каде поминале 80.694 патници. Следат: Дебели Бријег со 78.800, Сукобин и Муриќани со 72.937, Драченовац со 67.155 и Божај со 44.283 патници.
Преку аеродромот во Подгорица поминале 35.823 патници, преку аеродромот во Тиват 32.532, а преку пристаништето во Котор 31.064 патници.
На граничните премини Карасовиќи и Дебели Бријег, на линијата со Хрватска, биле создадени колони подолги од 20 километри. Патници во некои случаи чекале повеќе од 10 часа на високи температури, поради што бил активиран Штабот за цивилна заштита на општина Конавле.
Мештаните им делеле вода на патниците и им овозможувале да ги користат нивните тоалети, а биле регистрирани и неколку случаи во кои патниците имале потреба од медицинска помош.
Фото: прес-материјал од настанот