Почетна
Македонија

Во Филозофскиот факултет во Скопје започна меѓународна конференција за повеќедимензионална сиромаштија

Дводневниот научен собир во Скопје ги презентира наодите од проект финансиран од Министерството за образование и наука.

·Македонија
Во Филозофскиот факултет во Скопје започна меѓународна конференција за повеќедимензионална сиромаштија

На Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје започна двојдневната меѓународна научна конференција „Повеќедимензионална сиромаштија: мерење, трендови и предизвици“.

Во рамките на програмата се предвидени научни сесии посветени на методолошки пристапи за мерење на повеќедимензионалната сиромаштија, актуелните трендови и предизвиците кои тие ги наметнуваат за јавните политики. Конференцијата комбинира претставувања на емпириски наоди со дебати за методите на истражување.

Наодите од проектот

Покрај научните дебати, конференцијата има за цел да ги претстави наодите од научноистражувачкиот проект „Детерминанти на повеќедимензионалната сиромаштија: просторно мапирање и нови одредници за социјалните и развојните политики на национално ниво“.

Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука, во рамки на јавниот повик за финансирање научноистражувачки проекти на државните факултети, научните институти и МАНУ.

Очекувањето е резултатите од конференцијата да обезбедат поддршка за креирање политики засновани на докази, со акцент на просторното мапирање и новите индикатори кои можат да помогнат во таргетирани социјални и развојни интервенции.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи