Почетна
Македонија

Во старата битолска касарна пронајдени 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна

На неколку метри од куќите под Тумбе Кафе извадени се над 1.700 рачни бомби и тромблонски мини, а активностите за расчистување продолжуваат.

·Македонија
Во старата битолска касарна пронајдени 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна

Пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување, во соработка со екипи од МВР, на локацијата во старата битолска касарна извадија повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна.

Акциите ќе траат додека не се отстранат сите уреди

„Отстрануваме голема опасност до куќите коишто се наоѓат веднаш под Тумбе Кафе во Битола, на неколку метри воздушна линија од куќите – деновиве од земја извадивме повеќе од 1.700 рачни бомби и тромблонски мини од Првата светска војна“, рече денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов од местото каде се најдени експлозивните направи.

Ангелов посочи дека ископувањата продолжуваат и дека е очекување да се најдат уште вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства. Тој потсети дека на истата локација во мај годинава беа пронајдени над 2.000 неексплодирани убојни средства од Првата светска војна.

„Огромна количина којашто се наоѓа во овие сандаци зад мене. Ископувањата продолжуваат и понатаму. Очекуваме да најдеме уште повеќе од вакви бомби, но и други видови на неексплодирани убојни средства“, рече Ангелов.

Одговорните потврдуваат дека активностите за расчистување ќе траат во наредниот период, сè додека не се отстранат сите опасни предмети од оваа локација.

Директорот упати голема благодарност до пиротехничарот од Дирекцијата за заштита и спасување којшто е носител на акцијата на терен.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи