Водата во Тетово поскапе: домаќинствата да плаќаат 22,2 ден/м3
Советот го изгласа зголемувањето според методологијата на Регулаторна комисија; опозицијата побара детални пресметки.

Советот на Општина Тетово на седница одржана денес донесе нови тарифи за вода: за домаќинствата цената за вода за пиење ќе биде 22,2 денари за метар кубен, наместо досегашните 20 денари.
Опозицијата бара пресметки и објаснување
Опозицијата го критикуваше зголемувањето и побара подетално образложение за порастот, кој изнесува околу 17,75 проценти во однос на претходната цена. „Се гледа драстичен раст на цената од околу 17,75 проценти. Се повикувате на решение на Регулаторна, барем да ни доставевте образложение, го немаме добиено образложението. Затоа барам заедничка пресметка колку плаќат денес, а колку ќе плаќата за вода и канализација во секоја од следните три години“, рече Боби Илиевски – Левица.
Директорот на комуналното претпријатие за водовод и канализација рече дека износите се утврдени согласно Правилник, методологија и упатство за утврдување на тарифи, по решение на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги за регулиран период 2027-2029 година.
„Ние секои три години имаме, треба да носиме бизнис план за ЈКП Шари што ќе инвестираме за трите години трошоци што ќе ги има претријатието“, рече Ваљон Зеќири – директор на ЈКП Шар.
Покрај домаќинствата, сите останати корисници како институции, правни лица, здравствени установи и друго ќе имаат зголемена цена од 31 денари и 55 дени по метар кубен потрошена вода, како и нови износи за одведување отпадни води.
На седницата не беше презентирана детална проекција која по години ја покажува финансиската влијание врз сметките, а опозицијата инсистира дека таква заедничка пресметка треба да се направи и да се објави.
Фото: прес-материјал од настанот


