Почетна
Македонија

Вознемирувачко видео од Гостивар: брутално тепање на улица

Снимката покажува момче кое е удрено со клоца во главата и потоа брутално удирано со дрвена прачка; надлежните се известени.

·Македонија
Вознемирувачко видео од Гостивар: брутално тепање на улица

Вознемирувачка снимка од Гостивар пристигна во нашата редакција.

Момче падна во бесознание, потоа го удриле со дрвена прачка

На снимката се гледа поголема група млади лица кои се тепаат на улица. Во еден момент едно момче паѓа на асфалт откако е удрено со клоца во главата и делува како да е во бесознание.

Додека жртвата не се помрднува, друго лице му приоѓа и со силни удари го удира со дрвена прачка; ударите се толку силни што прачката се крши на неговиот грб.

До овој момент нема податоци за идентитетите на учесниците или за мотивот на нападот. Нашата редакција ја достави снимката до МВР и очекуваме официјални информации.

Сите сведоци или лица кои располагаат со дополнителни снимки или информации се повикуваат да се обратат до МВР за да помогнат во расветлување на слученото.

Фото: Инстаграм-Pxhere-колаж-265x139.jpg)'

Поврзани написи