Времето денеска: сончево и топло, локално можни поројни дождови и грмежи
УХМР предупредува на можно невреме со силен ветер и град; дневни температури до 36 степени.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а на поедини места ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР информираат дека локално можно е невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Детален преглед
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност; во попладневните часови на некои места ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Во делови од котлината процесите можат да прераснат во невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град. Речиси исти временски услови се најавуваат и за утре.
Фото: Архива