Времето денеска: Сончево, попладне можно невреме и температура до 29 степени
Претежно сончево денеска, а попладне локално се очекуваат врнежи, засилен ветер и услови за невреме.

Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално се очекуваат врнежи од дожд и засилен ветер, а на некои места ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град.
Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а дневната од 19 до 29 степени.
Скопје
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината попладне ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 24 степени.
За утре се најавуваат врнежи во попладневните часови и засилен ветер, а ќе има услови и за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Утре ќе дува слаб до умерен ветер од северозапад, а од среда ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на работната недела ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност.
Фото: прес-материјал од настанот


