Почетна
Македонија

За малку тепачка на Евзони: возачи се судрија поради вклучување преку ред

Снимка од синоќа ја прикажува расправијата на Евзони поради обиди за вклучување пред ред и долги колоните.

·Македонија
За малку тепачка на Евзони: возачи се судрија поради вклучување преку ред

Возачи кои со часови чекаа да ја напуштат Грција и да влезат во Македонија се судрија со други мажи на граничниот премин Евзони — сцена која е забележана на видео од синоќа. Во снимката се гледаат возила запрени во колона, а дел од возачите излегуваат и почнуваат да викаат поради обиди за вклучување пред редот.

Нервоза и врели температури ги зголемуваат тензиите

Вербалната расправија брзо прерасна во интензивна расправа, при што од снимката се слушаат гласови на српски и на македонски државјани. Ситуацијата во еден момент се чинеше дека може да прерасне во физички конфликт, но засега нема информации за повредени.

Причина за гневот беа возачи кои се обидувале да се вклучат преку ред, што ја разбуди фрустрацијата на оние кои со часови стоеле во колоната. Неколкумина излегоа од автомобилите и се собираа околу спорните возила, додека други снимале со мобилни телефони.

И денеска граничните премини Евзони и Богородица беа оптоварени со километарски колони возила, а температурите надминаа 40 степени Целзиусови. На Табановце се чекаше околу еден час, а на Богородица приближно половина час.

Службите ги предупредија возачите да возат внимателно поради жештината и зголемениот ризик од одрони на некои делници и да предвидат подолги времиња на чекање при патување кон и од граничните премини.

Фото: скриншот/фејсбук

Поврзани написи