За шест месеци: речиси 1,6 милијарди евра уплатено во казина, автомат клубови и обложувалници
Управата за јавни приходи бележи речиси 1,6 милијарди евра уплати; организаторите велат дека дислокациите може да поттикнат нелегално коцкање.

Податоците од Управата за јавни приходи покажуваат дека во првата половина од годината македонски и странски државјани уплатиле речиси 1,6 милијарди евра во казината, автомат клубовите и обложувалниците, при што најмногу се игра на автоматите.
Статистиката ги опфаќа уплатите на лицата на лиценцираните места за игри на среќа ширум земјата. Управата за јавни приходи бележи стабилни приходи и покрај тоа што веќе течат роковите за дислокација на овие објекти подалеку од образовните институции.
Од достапните податоци не произлегува подетален распад по уреди или по региони, но од секторот посочуваат дека автоматите ги генерираат најголемите приходи.
Приредувачите на игри на среќа предупредуваат дека дислокацијата нема да доведе до намалување на коцкањето, туку може да отвори простор за нелегални оператори и да го пресели делот од побарувачката надвор од регулираниот пазар.
Анализата на Мирјана Јовевска може да ја следите во емисијата „Бизнис Објектив“ со Наташа Стојановска.
Фото: прес-материјал од настанот


