Почетна
Политика

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка

Оставката била поднесена на 9 октомври до премиерот Мицкоски и денеска е депонирана во Собранието.

·Политика
Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка

Заменик-министерот за здравство Јовица Андовски поднесе оставка. Оставката, како што е наведено во документот, ја доставил до премиерот Мицкоски на 9 октомври, а денеска е депонирана во Собранието.

Во писмото Андовски наведува дека оставката ја поднесува по лични причини и му се заблагодарува на премиерот за укажаната доверба.

„Ви изразувам искрена благодарност за укажаната доверба, досегашната поддршка и соработката во текот на извршувањето на мојата функција. За мене беше чест и одговорност да бидам дел од Владата и да придонесувам кон унапредувањето на здравствениот систем. На претседателот на Владата и на сите членови на Владата им посакувам успех во понатамошната работа и во остварувањето на заложбите за подобро здравство и поквалитетен живот на граѓаните“, пишува Андовски.

Предлог за констатирање во Собранието

Премиерот предлага неотповикливата оставка на Андовски да биде констатирана на првата седница на Собранието.

Андовски беше заменик-министер од почетокот на мандатот на премиерот Мицкоски — период во кој се сменија тројца министри: Арбен Таравари, Азир Алиу и Сашо Клековски. Пред две недели премиерот Мицкоски најави дека наскоро ќе предложи нови заменици-министри.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи