Почетна
Балкан

Заврши четиридневната конференција „Европски дијалози“ за зајакнување на дијалогот меѓу младите во Западен Балкан

Четиридневната конференција „Европски дијалози“ собра конкретни предлози во пет тематски целини за да го зајакне учеството и дијалогот на младите во регионов.

·Балкан
Заврши четиридневната конференција „Европски дијалози“ за зајакнување на дијалогот меѓу младите во Западен Балкан

Со јавна дискусија и конкретни предлози во рамки на пет тематски целини заврши четиридневната меѓународна конференција „Европски дијалози“, која се одржа како дел од програмата „Споделени хоризонти“. Целта на програмата е да го зајакне дијалогот меѓу младите во Западен Балкан во контекст на проширувањето на Европската Унија.

Пет теми и предлози

Конференцијата ги опфати следниве тематски целини: европски вредности, социјална Европа, еколошка Европа, економска Европа и културна Европа. Во рамки на секоја целина учесниците изнесоа предлози и иницијативи за тоа како да се приближат европските политики и практики до младите надвор од формалните институции.

„Мислам дека е многу важно ова издание да се одржи на Балканот, регион којшто се наоѓа на клучен крстопат во историјата на Европа и на место за кое што ние Французите се обидуваме повторно да се инвестираме со значителни средства пред неколку години“, изјави Кристоф ле Риголе, амбасадор на Франција во Македонија.

Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Либерално-демократската партија, нагласи дека е потребно да се создаде простор кој им дава на младите конкретни можности сега, а не само да се подготвуваат за иднината. „Мислам дека најсилниот европски проект или дијалог кој што можеме да го водиме е да создадеме простор во којшто ќе им дадеме уверување на генерациите дека ниту една граница не им ги одредува границите на нивните можности, на нивните иновации, на можноста за работа и претприемништво. И еве една порака за крај време е да престанеме да ги подготвуваме младите само за европската иднина или да зборуваме за европските вредности и наследства, туку да почнеме да им даваме европска сегашност“, изјава Моника Зајкова, пратеничка и претседателка на Либерално-демократската партија.

„Не смееме да бидеме апатични. Ако работите слабо или бавно се движат најлесно е да кажете ќе застанам и јас. Не можете да кажете институциите да се променат доколу и вие не се промените. Општеството мора да отвори простор за младите луѓе да партиципираат“, рече Андра Ибрахими.

Организаторите истакнаа дека програмата има за цел да создаде трајни канали за размена и граѓанско учество на младите преку границите. Конференцијата заврши со серија препораки наменети за младински организации, мрежи на граѓанското општество и регионални партнери за натамошна работа на предложените проекти.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи