Почетна
Македонија

Жител на Аеродром е 10-ти починат пациент од западнонилска треска

Пациентот поминал 57 дена на интензивна нега; на Клиниката се хоспитализирани 67 пациенти, 10 починати.

·Македонија
Жител на Аеродром е 10-ти починат пациент од западнонилска треска

Пациент на возраст од 70 години од општина Аеродром почина во текот на викендот на Клиниката за инфективни болести и е десетата жртва поврзана со западнонилска треска на оваа здравствена установа. Според соопштението, мажот имал повеќе дополнителни заболувања.

Директорот на Клиниката, д-р Фадил Цана, посочи дека починатиот 57 дена бил на Одделот за интензивна нега и дека, и покрај сите преземени мерки и постапки, во текот на викендот починал.

Состојба на клиниката и сегашни приеми

- Има само еден нов потврден прием од 25 септември. Инаку, вкупно на Клиниката седум пациенти се хоспитализирани, од кои двајца се со потешка клиничка слика, кажа д-р Цана.

Двајцата пациенти се нови случаи чија клиничка слика се влошила и се префрлени на Одделот за интензивна нега. Сите се возрасни и со дополнителни придружни заболувања. Последниот пациент е од Росоман, а другите се главно од Скопје.

На прашањето дали стапката на смртност е висока во однос на потврдените случаи во земјата, д-р Цана рече дека не би кажал оти имаме висок процент.

- Според нашите статистики, сè е во рамките на тоа што го има и во светот. Значи, и во Грција, и во Италија, и во другите земји, каде што е потврдена оваа инфекција. Секогаш треба да сме претпазливи, да се придржуваме на сите мерки што ги даваат Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, рече д-р Цана.

Досега на Клиниката вкупно се хоспитализирани 67 случаи со невроинвазивна форма на болеста: 10 се починати, 50 се излекувани, а седум во моментов се хоспитализирани.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи