Почетна
Македонија

Жители пријавија: човек фрлил приколка со ѓубре во Маркова Река

Сведок вели дека околу 17 часот видел возило како фрла вреќи со ѓубре во реката и наведува дека возачот му направил „лајк“ со прстот.

·Македонија
Жители пријавија: човек фрлил приколка со ѓубре во Маркова Река

Загрижени жители од селото Маркова Сушица алармираа откако еден сведок пријави дека вчера околу 17 часот човек фрлил цела приколка со ѓубре во Маркова Река. Жителите велат дека ваквите постапки го загрозуваат животната средина и убавината на крајот во кој живеат.

Сведокот опишува дека забележал возило со приколка полна со вреќи со ѓубре кое застанало крај реката, по што возачот една по една ги фрлал вреќите во водата.

"Откако му пристапив и го кренав телефонот да го фотографирам, ми направи „лајк“ со прстот и продолжи да ги исфрла вреќите," изјави нашиот извор кој ни испрати и фотографија од тоа што го посведочил.

Апели за санкции и расчистување

Според сведоците, истиот човек потоа ноншалантно го фрлил и преостанатото ѓубре што го имал во приколката во Маркова Река. Жителите дополнуваат дека претходно пријавиле и друго лице кое, како што велат, фрлило три-четири мртви јариња во реката — трупови што на високите температури може да предизвикаат зараза.

Повеќе граѓани апелираат до Инспекторатот за животна средина да постапи, да ги санкционира виновниците и да спречи понатамошно загадување на Маркова Река.

Роднините и соседите им ги доставиле снимките и фотографиите на надлежните, барајќи поголемо присуство на инспекциските служби, отстранување на фрлениот отпад и одговорност за сторителите.

Фото: Pexels-212x141.webp)'

Поврзани написи