Почетна
Политика

ЗНАМ: Уставот и законите налагаат правосудниот испит да се полага само на македонски јазик

Игор Филков и ЗНАМ велат дека Уставот и законите дозволуваат полагање на правосудниот испит единствено на македонски и ја критикуваат одлуката на Јетон Шасивари.

·Политика
ЗНАМ: Уставот и законите налагаат правосудниот испит да се полага само на македонски јазик

Партјата ЗНАМ тврди дека Уставот и законите на државата налагаат правосудниот испит да се полага единствено на македонски, изјави поранешниот министер за правда и претседавач на Централниот одбор на ЗНАМ, Игор Филков, додека ја критикуваше одлуката на неговиот наследник како „хибридна“.

Филков, кој го водеше Министерството за правда во претходната влада, рече дека партијата ќе остане доследна на ставот што тој како министер го застапувал и ја изрази загриженоста дека предложеното решение може да ги заобиколи правните стандарди. „Не се работи за тоа дали сум јас против или за. Прво за тоа хибридно решение ајде да го наречеме така јас дознав од вас медиумите. Јас не се противам никој да полага на оној јазик кој што е овозможен согласно законите и Уставот. Она што мене ме загрижува е тоа што ваквото хибридно решение беше ад акта одбиено од оние што се бунат и противат да полгаат на јазикот кој што утре треба да се употребува во сите оние институции каде што планираат да работат како судии, адвокати, обвинители и сл. Тоа е повеќе од загрижувачко“, изјави Филков.

Реакции од партиите и академијата

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, претходно истакна дека правосудниот испит може да се полага само на македонски јазик, дека премиерот е информиран за нивниот став и најави дека ќе побара лидерска средба со владините партнери за јасно да ги дефинираат „црвените линии“.

Од Алијанса на Албанците одговорија дека прашањето ги надминува дневнополитичките интереси и директно го засега функционирањето на правосудниот систем и уставниот поредок. Тие го обвинија Димитриевски дека го користи прашањето во предизборната кампања и го нарекoaа „патриот на батерии“.

На изјавите на Димитриевски реагираше и СДСМ, дека правосудниот испит се турка како тема за наводен судир во коалицијата со цел да се создаде впечаток на тензии, да се отвори пат за предвремени избори и да не се признае дека е загрозена финансиската стабилност поради Алта банка.

Студентите и неколку факултети не го прифатија предлогот на Јетон Шасивари — теоретскиот дел на албански, практичниот дел на македонски — и најавија дека при потреба повторно ќе излезат на протести. Шасивари рече дека преку дијалог сака да се дојде до современо, правно издржано и европски ориентирано решение и дека ќе побара мислење од Венецијанската комисија. Пет факултети кои имаат настава на други јазици побараа правосудниот испит да се полага на албански, турски и англиски јазик.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи