17 години од потонувањето на „Илинден“ во Охридското Езеро
На 5 септември 2009 бродот „Илинден“ се преврте кај автокампот Елешец, при што загинаа 15 бугарски туристи.

Денеска се навршуваат 17 години од трагедијата на Охридското Езеро во која при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 бугарски туристи.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, кога бродот „Илинден“, со 57 патници што пловеше на релацијата Охрид – Свети Наум, се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, кај автокампот Елешец.
Жртвите беа жители на општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.
Подигнувањето и сегашната положба на бродот
Бродот беше извлечен од езерото на 19 септември 2009 година и одвлечен до каналот Студенчишта, каде што и денес се наоѓа како нем сведок на трагедијата.
По 17 години, потонувањето на „Илинден“ останува една од најсмртоносните бродски несреќи на Охридското Езеро и таговит белег во историјата на регионот.
Фото: прес-материјал од настанот


