226 матури поништени поради користење вештачка интелигенција
Државниот испитен центар поништил 226 теста поради сомнение дека учениците користеле вештачка интелигенција; просекот е 3,66.

Државниот испитен центар поништил вкупно 226 теста на државната матура откако при прегледот утврди дека неколку средношколци најверојатно користеле вештачка интелигенција и напишале идентични реченици на иста тема.
Дел од учениците биле фатени на лице место при препишување, додека за другите сомнежите се појавиле при пост-испитниот преглед на нивните одговори; идентичните формулации биле сигнал дека содржините не се авторски.
„Е сега тука е она што викаме „повикај пријател“. Ние знаеме дека децата имаат по два три телефони, еден оставаат. Но сето тоа после лесно се открива. Затоа сакам да знаат сите дека не може на тој начин да се користат. Подобро пет реда да ги напишат со тоа што тие го знаат и го размислуваат. Гледаме да видиме начин на размислување. Телефони имаат телефони, дали користеле вештачка интелигенција, дали нашле некаде. Знаат често оценувачите и да напишат една реченица и да им излезе текстот и веќе ние имаме податок,“ вели Даниела Јовчевска Михајловска, директорка на Државен испитен центар.
Концептот на полагање и резултатите
Годинава матурантите полагаа според нов концепт со три типа матура — државна, стручна и уметничка — при што секој ученик беше тест по материјалот што го изучувал во текот на четирите години средно образование. Во јунискиот испитен рок, просечната оценка на државната матура изнесува 3,66, пресметано по поднесени и разгледани приговори на објавените прелиминарни резултати. Просекот минатата година беше 3,69.
„Задоволна сум од оценката затоа што сметам дека таа е приближно реална. Се уште имаме отстранети од матура препишале, веројатно како што вели директорката некој се уште се снаоѓа, но процесот го зајакнуваме и мислам дека ова воопшто не е лоша оценка . Се што е над 3, 5 е многу добар успех, навистина солиден успех на целата генерација со оглед на тоа што ние не можеме да очекуваме цела генерација да има одличен успех,“ истакна министерката.
За полагање се пријавиле 14.587 ученици: 12.184 за државна матура, 2.276 за стручна матура и 127 за уметничка матура; 348 пријавени кандидати не се појавиле на испитите.
Фото: прес-материјал од настанот