Почетна
Македонија

Андоновски: Големите дата-центри не се ладат со вода од река или езеро, туку со вода од дупнатина

Министерот ги демантира наводите за користење на вода од Вардар и објаснува кои центри бараат посебни дозволи.

·Македонија
Андоновски: Големите дата-центри не се ладат со вода од река или езеро, туку со вода од дупнатина

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги демантираше тврдењата во јавноста дека големите дата-центри би користеле вода од река или езеро за ладење, појаснувајќи дека за таа намена се користи техничка вода од дупнатини во внатрешниот слој на земјата.

Техничка вода од дупнатини, не од површински извори

Андоновски рече дека нема информации дека за работата и ладењето на податочните центри се користи вода од реки и езера и ги отфрли наводите дека веќе е дадена дозвола или е потпишан договор за изградба на податочен центар од 100 мегавати кој би користел вода од реката Вардар.

Тој појасни дека станува збор за техничка вода добиена со копање во внатрешниот слој на земјата и дека ваквите системи во практика не ја трошија водата, туку ја вртат и рециклираат.

„Јас често го земам примерот со Словенија, во Марибор, којшто користи вода, таа се топли во процесот на ладење на податочниот центар, потоа се искористува за затоплување на пластеници или за затоплување во домаќинствата, а изладената вода повторно се враќа во податочниот центар. Не се троши, немаме потрошувачка на вода и ништо такво нема да дозволиме да се случува ниту тука“, рече тој.

Министерот додаде дека постојат закони кои го уредуваат давањето дозволи за градба и прашањата поврзани со животната средина: центри до 50 мегавати можат да добијат дозвола од општините, додека проекти над 50 мегавати — каде што е поголема потрошувачката на електрична енергија и може да биде потребен систем за ладење со вода — ќе поминат преку дополнителни процедури и проверки за да се обезбеди дека нема штета за животната средина.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи