Почетна
Македонија

„Анима Мунди“ бара истрага и одговорност за снимките од Маврово

Здружението бара институционална постапка откако видео покажува странци кои ловат и ја пијат крвта на дивокози во Маврово.

·Македонија
„Анима Мунди“ бара истрага и одговорност за снимките од Маврово

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара итна институционална постапка, целосна истрага и утврдување на одговорност откако на Јутјуб беше објавено видео насловено „Лов на дивокози од светска класа во планините на Македонија“ во кое се гледаат странски државјани како ловат диви кози во Маврово и им ја пијат крвта на убиените животни.

Од Здружението велат дека снимката ја претставува вознемирувачката состојба на дивиот свет во националниот парк и ги повикуваат институциите да утврдат кој го дозволил и овозможил ваквото постапување, како и кој бил задолжен за контрола.

„Националните паркови не смеат да станат ловечки игралишта, а заштитените животни да бидат прогонувани и убивани. Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци. ‘Маврово‘ не е ничиј трофеј. Дивите животни не се плен. Природата не е на продажба“, велат од ова Здружение.

Барања за мораториум и јасни правила

„Анима Мунди“ ја поддржуваат граѓанската организација „Еко‑свест“ и други еколошки здруженија кои упатија апел до Владата и до Министерството за животна средина итно да ја финишираат постапката за репрогласување на паркот и додека тоа не се случи да го воведат мораториумот за секакви активности.

Директорот на Националниот парк „Маврово“, Харис Ибраими, изјави дека снимката прикажува санитарен отстрел поради здравствена состојба на дивечот. Тој посочи дека отстрелот е дел од Програмата за одгледувачки мерки, која ја одобруваат Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, и има за цел следење на здравствената состојба на дивиот свет.

„Ова не е никаков спорт, не е авантура, а најмалку љубов кон природата. Нема ништо нормлано во убивањето диво животно за забава, трофеј или комерцијален интерес“, додаваат од здружението.

Ибраими појасни дека процесот започнува по добиена согласност за отстрел на одреден број животни, дека се објавува јавен повик и пријавуваат ловни друштва од земјава или странство, а доколку странци изразат интерес, им се праќа покана. Тој додаде дека ловците од видеото се од шпанско ловно друштво и дека примероци од дивечот се испраќаат на проверки во ветеринарни институти.

Еколошките организации повикуваат на целосна истрага за да се утврди кој дозволил вакви активности и да се спречат слични инциденти во иднина.

Фото: Принтскрин од видеото објавено на Јутјуб

Поврзани написи