„Анима Мунди“ бара одговорност за убивањето дивокози во Националниот парк Маврово
Здружението повикува на мораториум и целосна истрага по објавени снимки за наводно убивање и пиење крв од убиено животно.

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ најостро го осуди, како што наведува, odnosот кон дивиот свет во Националниот парк Маврово и побара итно институционално постапување, целосна истрага и утврдување на одговорност по објавени снимки за кои тврдат дека прикажуваат убивање дивокози и потоа пиење крв од убиено животно.
Од здружението велат дека таквото постапување не може да се оправда ниту како спорт, ниту како авантура, ниту како љубов кон природата.
Што побараа од институциите
„Анима Мунди“ прашува кој го дозволил и овозможил ваквото постапување, кој контролирал и кој знаел за случувањата, и јавно ја поддржа „Еко‑свест“ и другите еколошки здруженија кои бараат итно институционално постапување и вистинска заштита на Маврово.
Здружението побара итен мораториум на активности што можат да ги загрозат природните вредности на подрачјето и бара целосна истрага, транспарентност и одговорност додека не се воспостави вистинска и функционална заштита.
Во порака до Владата, надлежните институции и политичарите, здружението нагласува: „Љубовта кон земјата не се докажува со знамиња, говори и патриотски пораки. Се докажува кога ќе ја заштитите нејината шума, нејзината река, нејзиниот биодиверзитет и нејзиниот див свет,“ наведуваат од здружението.
„Македонија не е ловечки парк за богати девијантни странци. Маврово не е ничиј трофеј. Дивите животни не се плен. Природата не е на продажба,“ порача „Анима Мунди“ и додаде: „Заштитените животни мора да бидат заштитени и во реалноста, а не само на хартија. Маврово мора да биде заштитено. Дивиот свет мора да биде заштитен.“
Фото: прес-материјал од настанот


