Почетна
Македонија

Снимка на ТикТок: Месеци по нападот полицијата не ги пронашла сторителите

Таткото тврди дека нападот бил снимен и објавен во февруари; МВР вели дека истрагите се во тек.

·Македонија
Снимка на ТикТок: Месеци по нападот полицијата не ги пронашла сторителите

Снимка на ТикТок од напад врз 11‑годишно дете во Тетово која е објавена уште во февруари, се шири по социјалните мрежи, но покрај тоа полицијата и по месеци не ги пронашла сторителите, велат родителите.

Таткото на детето кажува дека група постари деца го истепале неговото дете, го снимиле нападот и ја објавиле снимката на ТикТок. Родителите тврдат дека материјалот бил насочен кон деца од македонска етничка припадност и содржел вулгарни пораки; случајот е пријавен во полиција како злоупотреба на лични податоци.

МВР: работи се расчитуваат

Министерството за внатрешни работи уверува дека работи на расчистување на предметите. Според МВР, „годинава од 12 случаи за пет веќе има прекршочни постапки за родителите, а останатите се во фаза на завршување.“ Министерството додава дека за секој пријавен случај веднаш се известуваат Центарот за социјална работа и дежурните обвинители за малолетници, а разговорите и сослушувањата се изведуваат со присуство на родители, социјални работници и психолози, што понекогаш бара време за стручна обработка.

Родителите од Тетово предупредуваат дека вакви снимки често излегуваат на социјалните мрежи и дека насилството во некои случаи има и меѓуетничка димензија. Еден од родителите опиша како настанот го погоди детето: "Иако вака не манифестира дека е повреден, навечер се буди, се поти, прави крикови, нешто што порано го немал. Значи, искако сметам дека социјалните мрежи кога ќе се објави ваков настан лошо влијаат врз психолошкиот развој на едно дете," вели еден родител.

Таткото инсистира полицијата да им пристапи посериозно на овие пријави: "Вакви настани во Тетово се случуваат ненормално многу, значи секој втор ден слушам некое дете е нападнато и не секој родител оди да го пријави настанот. Сметам дека ова може да предизвика настани од поголем карактер, после не може ниту полицијата и ќе треба многу луѓе да се вмешаат за да се смират овие настани. Затоа сакам ова да се сфати како апел до повисоките структури во полицијата," вели таткото.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи