Почетна
Македонија

Апелацијата има четири работни дена да одлучи по „Талир 2“ пред да застаре случајот

Апелациониот суд треба да реши по жалбата на обвинителството до 31 август 2026; судиите ќе го разгледуваат предметот зад затворени врати.

·Македонија
Апелацијата има четири работни дена да одлучи по „Талир 2“ пред да застаре случајот

Апелациониот суд има уште четири работни дена да донесе одлука за случајот Талир 2 пред да застари на 31 август 2026.

Судијката Даниела Алексовска Стојановска на 14 јули 2026 ја објави првостепената пресуда со која поранешниот премиер Никола Груевски доби ослободителна пресуда и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО ДПМНЕ. На 5 август 2026 обвинителството поднесе жалба, а ден подоцна Кривичен го испратил предметот во повисокиот суд кој треба да одлучи по жалбата.

Постапката во Апелација

Од Апелација потврдија дека никој не барал да се одржи јавна седница, што значи дека судиите ќе го разгледуваат предметот зад затворени врати. Според информациите, известител е судијката Лирие Елези Ајрулау, а виш јавен обвинител е Јован Цветановски.

Јован Цветановски беше обвинител и кога првиот пат Талир 2, со пресуда за Груевски од 6 години затвор, дојде пред Апелација; тогаш тој предложи случајот да се врати на повторно судење.

Апелација може или да ја потврди ослободителната пресуда, или да ја преиначи. Бидејќи предметот еднаш веќе е укинат од повисокиот суд, ако апелационите судии решат да укинат и преиначат сега, тие не можат да го вратат случајот во Кривичен туку ќе треба сами да закажат судење и да остават право на жалба пред Врховниот суд — опција за која преостанатото време може да биде прекратко.

Објавено во: Македонија 23 Август, 2026 17:13

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи