Четири пожари се активни утрово – гори во Сарај, Гостиварско, Чашка и Јегуновце
Четири активни пожари утрово; 24 од вкупно 31 пријавен пожар се изгаснати.

До 07:30 часот утрово регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор; четири се активни, три се под контрола, а 24 се изгаснати, соопшти Центар за управување со кризи.
Активни пожари и локации
Активни се пожарите во Општина Сарај: с. Копаница (ниска вегетација); во општините Гостивар и Македонски Брод: с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово, Заград и Страјане (Општина Македонски Брод) (нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат); во Општина Чашка: над с. Нежилово, м.в. Сватови (ниска вегетација и смреки) и во Општина Јегуновце: с. Копанце (мешана шума).
Пожари под контрола се пријавени во Општина Делчево: депонија (ѓубре); во општините Студеничани и Зелениково: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, над с. Вражале и с. Тисовица – Општина Зелениково (мешана шума) и во Општина Пласница: с. Дворци (депонија).
Изгаснати се 24 пожари на различни локации низ државата, меѓу кои: Општина Струга 1: с. Франгово (нискостеблеста шума, ниска вегетација); Општина Струга 2: с. Ливада (ниска вегетација и стрниште); Општина Кичево: с. Тајмиште, м.в. Дарда (високостеблеста букова шума); Општина Неготино: помеѓу Неготино и Кавадарци (ниска вегетација); Општина Струмица 1: с. Куклиш (депонија); Општина Струмица 2: с. Свидовица (ниска вегетација и грмушки); Општина Демир Хисар: с. Кутретино (депонија); Општина Прилеп 1: над Касарната во Прилеп (ниска вегетација); Општина Прилеп 2: с. Дабник (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Тетово: Православните Гробишта под Калето (средна мешана шума со багрем и костен); Општина Брвеница 1: с. Стрмница и с. Челопек (ниска вегетација); Општина Брвеница 2: с. Горна Лешница (ниска вегетација); Општина Куманово: населба Перо Чичо (ниска вегетација); Општина Крива Паланка: с. Муждовњак (ниска вегетација и багрем); Општина Гостивар 1: с. Куново (ниска вегетација); Општина Гостивар 2: с. Дебреште (ниска вегетација); Општина Петровец: с. Долно Коњаре (ниска вегетација); Општина Градско: с. Подлес (ниска вегетација); Општина Босилово: с. Старо Балдовци (ниска вегетација и трска); Општина Прилеп: с. Црнилиште (депонија); Општина Прилеп 2: с. Веселчани (ниска вегетација); Општина Сарај: с. Арнакија (нискостеблеста шума); Општина Струга: Езерски Лозја (ниска вегетација); Општина Кавадарци: Градска депонија „Мелци“ (депонија).
Пожарот кој гореше под тетовското Кале избувнал од детска игра, за малку ќе пламнеле куќи.
Фото: ДЗС