Почетна
Магазин

Данска и Германија отвораат можности за македонски работници: плата околу 3.600 €

Новите дански правила ги понижат праговите за странски вработувања, а Германија бара стотици илјади работници во јавниот сектор.

·Магазин
Данска и Германија отвораат можности за македонски работници: плата околу 3.600 €

Данска ќе го воведе новиот систем заснован на колективни договори што формално стапува на сила од 1 јануари 2027 година и ќе им овозможи полесен пристап до работни дозволи за граѓани од 16 избрани држави надвор од Европската Унија, меѓу кои е и Северна Македонија. Истовремено, Германија, како најголема европска економија, бележи незапаметен дефицит на работна сила во јавниот и приватниот сектор, што отвора нови можности за кадар од Балканот.

Што донесува новиот дански режим

За да се стекне работна дозвола преку новиот модел, работникот мора да има договорена минимална годишна заработка од 322.000 дански круни (околу 43.000 евра годишно, односно околу 3.600 евра бруто месечно). Овој праг е значително понизок од досегашниот од 552.000 круни и го проширува кругот на професии кои можат да се пријават.

Данските работодавачи кои сакаат да ангажираат кадар од странство треба да исполнуваат строги услови: да работат најмалку 2 години, да имаат минимум 10 постојано вработени и да поседуваат сертификат од данската Агенција за меѓународно реkrутирање и интеграција (SIRI).

За македонските граѓани заинтересирани за работа и градење кариера во странство, ова значи поедноставена административна процедура и пристап до работни места со конкурентни примања и услови за интеграција во Данска.

Во меѓувреме, германскиот пазар на труд е во сериозна криза. Според најновото годишно истражување на Сојузот на германските државни службеници (dbb), во јавниот сектор недостигаат 631.000 работници — повеќе отколку минатата година кога недостигаа околу 600.000. Најкритични се секторите: здравство и нега (125.500), образование и градинки (120.000), општинска и локална администрација (112.000) и полиција и Бундесвер (92.000). Претседателот на dbb, Фолкер Гајер, предупреди дека поради променетата безбедносна ситуација и зголемената потреба од надзор, пополнувањето на овие позиции е итно.

Комбинацијата: Данска која го намалува прагoт за странски вработувања и Германија со голема побарувачка за работници значи конкретни шанси за квалификувани и мотивирани македонски работници во здравство, технички занати, образование и јавна администрација.

Фото: Фрипик, Гламур

Поврзани написи