Десетици илјади поминаа низ Богородица во последните 24 часа; километарски колони во Дојран
МВР: над 17.000 ја напуштиле, околу 16.000 влегле преку граничниот премин Богородица; редици од возила го блокираа сообраќајот и во Дојран.

Над 17.000 лица ја напуштиле државата, а околу 16.000 влегле преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, покажуваат податоците од Министерството за внатрешни работи. Зголемениот број на возила создаде сообраќајни застои и на двата премини во околината.
– На граничниот премин „Богородица“ од вчера до денес на пладне влез во државата оствариле 5864 македонски државјани, а излез оствариле 5948. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 10249, а ја напуштиле нашата држава 11648 лица , информираа од МВР.
Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи километарска колона во Стар Дојран.
Податоци за преминот Дојран
Според службените бројки на МВР, на граничниот премин „Дојран“ во истиот период влез во државата оствариле 399 македонски државјани, а излез 1104. Бројот на странски државјани кои влегле изнесува 1295, а кои ја напуштиле нашата држава 1174 лица.
Од МВР соопштуваат дека ги преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
Фото: прес-материјал од настанот