Почетна
Македонија

ДУИ: Власта ги пренасочува ресурси од Коридор 8 кон автопатот Прилеп–Битола

Партијата тврди дека работите се движат со сооднос од речиси 4 на 1 во корист на Коридорот 10Д и бара детали за ангажманот на работни ресурси и пари.

·Македонија
ДУИ: Власта ги пренасочува ресурси од Коридор 8 кон автопатот Прилеп–Битола

Во соопштение објавено на 7 август 2026 година, ДУИ реагира дека Владата ги пренасочила пари, работници и механизација од Коридорот 8 кон изградбата на автопатот Прилеп–Битола (Коридорот 10Д), со цел делницата да биде готова пред следните парламентарни избори.

„Новите информации што се појавуваат за најголемиот инфраструктурен проект во земјата, Коридорите 8 и 10Д, се крајно алармантни.

Според информациите што ги имаме, на терен се работи со сооднос од речиси 4 на 1 во корист на Коридорот 10Д, Прилеп-Битола, додека механизацијата, работната сила и динамиката на имплементација се префрлени на штета на Коридорот 8.

И двата сегмента се дел од истиот проект што го обезбедивме со Бехтел-Енка. Денес, Владата во пракса го менува приоритетот на проектот.

Поради политичката наредба Коридорот 10Д да биде завршен до следните избори напролет, за да може владата да го користи како изборен проект.

Доколку ова се потврди, се работи за сериозен скандал: парите, работниците и механизацијата на државен проект се ориентираат според изборниот календар на владејачките партии.

Коридорот 8 е стратешки коридор на НАТО, дел од врската исток-запад од Јадранското Море до Црното Море и југоисточното крило на Алијансата. Секое намерно одложување на овој коридор има последици што одат многу подалеку од домашната политика“, реагира ДУИ.

Барања и потенцијални последици

Според Интегративците, станува збор за изборна злоупотреба на проект вреден повеќе од милијарда евра и тие побараа јасни податоци за тоа колку работници, колку механизација и колку финансиски средства се моментално ангажирани на Коридорот 10Д (Прилеп - Битола) и колку на Коридорот 8.

Партјата предупреди дека намерното одложување на Коридорот 8 може да има стратешки последици кои ја надминуваат националната политичка агенда и побара одговори од надлежните институции.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи