Почетна
Македонија

„Ертрактори“ го гаснат пожарот кај Сопиште

Ертракторите на ДЗС се ангажирани поради активни жаришта на јужните падини, откако над Чифлик беше поставен обрач.

·Македонија
„Ертрактори“ го гаснат пожарот кај Сопиште

На територијата на општина Сопиште, зад Водно, се активирани т.н. „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) кои учествуваат во гаснењето на пожарот.

Од ДЗС информираа дека огнот се шири од јужната страна на планината. Претходно избувнатиот пожар над селото Чифлик е ставен под контрола и е направен обрач за да се заштити шумата.

Потребна е воздушна интервенција поради теренот

Градоначалникот Јане Мицевски рече: "активен е мал дел надвор од селото во правец према Водно, но за гаснење ќе мора да се интервенира воздушно, оти зафатен е стрмен терен."

Во гаснењето на огнот учествуваат и скопските пожарникари, заедно со ДЗС, доброволни друштва и локалното население. Објектите во Чифлик се надвор од опасност.

Екипите и натаму го следат теренот и интервенираат по потреба за да го спречат проширувањето и да го изгаснат остатокот од жариштата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи