Почетна
Балкан

„ЕУ за тебе“ — невладините организации во заштита на правата и слободите

ЕУ‑поддржан форум во Подгорица собра невладини организации и новинари за да прикажат резултати и анкета за најголемите грижи на граѓаните.

·Балкан
„ЕУ за тебе“ — невладините организации во заштита на правата и слободите

Педесетина невладини организации и креатори на содржини од државите од Западен Балкан, под покровителство на Европската унија, се собраа во Подгорица за да ги презентираат резултатите од проекти насочени кон подобрување и заштита на правата и слободите на граѓаните.

Целта на хабот и медиумското учество

На дводневниот хаб проектните тимови ги покажаa начините на кои приказната треба да се гради — од идентификацијата на сите сегменти до презентирањето пред јавноста. Телевизија Телма беше единствениот национален медиум од Македонија кој беше повикан и присуствуваше на семинарот, на кој новинарите разменуваа искуства за случаи поврзани со човековите права и слободите.

„Сакаме да ги артикулираме гласовите во форма која вие ќе ја претставите на вашите гледачи. Тоа е важно биејќи вие како новинари знаете како да ја препознаете приказната а нам ни е важно да ви ги откриеме сите сегменти на таа приказна,“ изјави Самра Лучкин, менаџер на стратешки комуникации и координација на кампањи во „We Balkans“.

Состанокот беше дел од проект на Генералниот Секретаријат за проширување. Во рамките на иницијативата беше спроведено истражување на јавното мислење меѓу граѓаните на Западен Балкан, кое покажано дека најголема неизвесност постои во однос на економската положба и егзистенцијалните прашања, здравството, како и во врска со слободата на говор, правото на собирање и слободата на медиумите.

Во текот на работилницата невладините организации презентираа над 40 проекти реализирани во Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, претставувајќи локални иницијативи насочени кон подобрување на состојбите во заедниците.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи