Големи колони на патарината Глумово — чекање до 20 минути пред продолжениот викенд
Туристичкиот притисок кон Охрид, Струга и Маврово го забави сообраќајот на автопатот Скопје–Тетово и предизвика колони на патарината Глумово.

Доцна попладнето и во текот на вечерта се формираа големи редици на патарината Глумово на автопатот Скопје–Тетово, а патниците пријавуваа чекање и до дваесетина минути.
Голем број луѓе пред Илинден и пред продолжениот викенд тргнаа кон Охрид, Струга, Маврово и други туристички места во западна Македонија, што дополнително го зголеми сообраќajот на тој правец.
Вообичаено е во петок попладне да има поголема фреквенција на патарината „Глумово“, но денес притисокот беше поизразен од вообичаеното.
Според сведоштвата на луѓе кои патуваа кон Охрид, на патарината во Желино пред Тетово немало посериозно чекање.
Каде беше најголемиот застој?
Најдолгото чекање беше пријавено токму на патарината Глумово, додека други патарини на истата линија останаа релативно слободни.
Фото: Слободен печат