Градоначалникот на Битола: Се чувствувам немоќен пред коњите и козите што шетаат низ градот
Коњановски на Советот рече дека решавањето на проблемот се одвива бавно, инспекциските акции биле неуспешни и потребна е координирана реакција.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, на седница на Советот рече дека повеќепати реагирал за движењето на коњите и козите низ градот, но дека решавањето оди бавно и дека акциите на инспекциите биле пробиени.
„Некако бавно ни одат работите, без никого да обвинувам. Несфатливо е, јас се чувствувам немоќен,“
рече Коњановски и додаде дека слични случаи се случиле и во Скопје.Во своето обраќање тој посочи и конкретна локација: „Истото во Скопје се случи, коњ се ождреби на булевар. Во Битола имаме трла на 200 метри од поранешен ресторан и за тоа треба сите да притиснеме, и како граѓански сектор, и како советници, и ние како локална самоуправа, да го решиме проблемот.“
Коњановски кажа дека неколку пати дошле комунални инспектори, но дека имало неуспешни акции бидејќи, како што рече, „некој ги пробил акциите“ и животните не можеле да се најдат. Тој предупреди дека козите може да стигнат до Широк Сокак ако не се превземат мерки.
Граѓаните и советниците во повеќе наврати реагираа поради тоа што домашни животни — коњи, крави и кози — шетаат низ Битола како да е село. На битолчани им е познат и сопственикот на козите, кој претходно одгледувал свињи во битолско село, а кои во 2011 година ја нападнаа мајка му.
Коњановски повика на координиран притисок од локалната власт, советот и граѓанскиот сектор за да се спречат нови инциденти и да се најдат долгорочни решенија за слободно шетачките домашни животни во градот.
Фото: СДК.МК)


