Почетна
Македонија

ХЕРА: Северна Македонија назадува во човековите права, вклучително и родовата еднаквост

Извештајот на ЕЕСК по мониторинг‑посетата во март 2026 укажува на слабости во образованието, родовата еднаквост и институционалната реакција.

·Македонија
ХЕРА: Северна Македонија назадува во човековите права, вклучително и родовата еднаквост

Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) објави извештај за фундаменталните права и владеењето на правото во Северна Македонија по мониторинг‑посетата во март 2026 година. Документот, во кој се вклучени согледувањата од граѓанското општество, укажува на сериозни празнини во заштитата на човековите права, родовата еднаквост, мерките против дискриминација и функционирањето на демократските институции.

Од ХЕРА предупредуваат дека наодите укажуваат на назадување во повеќе сектори — меѓу кои образованието, медиумите, социјалната сфера и владеењето на правото — и дека таквите трендови можат да ја оддалечат земјата од патот кон европска интеграција.

Образованието и јавниот дискурс под лупа

Во извештајот се истакнува дека отстранувањето на родовата еднаквост од законодавството за образование претставува чекор назад во заштитата од дискриминација и во создавањето инклузивна образовна средина. Исто така се нотира зголемена видливост на антиродовите движења во јавниот дискурс и нивните консултации со пратеници за законски решенија, што според наодите поставува прашања за демократските процедури при креирањето политики за човековите права.

Меѓу другите проблеми се наведени дискриминација, говор на омраза, бавни судски постапки и недоволна институционална заштита за жени и ЛГБТИ‑лица. Во однос на родово‑базираното насилство, извештајот укажува на недоволна институционална поддршка, благите санкции и ограничениот пристап до специјализирани услуги за жртвите.

ХЕРА дополнително ја посочува и ширењето дезинформации и антидемократските наративи, недоволното јавно финансирање и ограниченото учество на граѓанските организации во процесите на донесување одлуки. Организацијата повикува на итни институционални мерки: враќање на родовата еднаквост во образовните политики, доследна примена на законот за заштита од дискриминација, поефикасна заштита од родово‑базирано насилство, механизми за справување со дезинформации и одржлива поддршка за граѓанските организации.

„Европската интеграција не смее да се сведе на формално усогласување на законите. Таа мора да значи вистинска заштита на човековите права, еднаквост и демократски институции отпорни на притисоци што ги поткопуваат овие вредности“, порачаа од ХЕРА, оценувајќи дека извештајот е сериозно предупредување за реформите и за европската интеграција на земјата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи