Почетна
Магазин

Јелена Карлеуша му препорача кондоми на Душко Тошиќ по концертот во Подгорица

По настапот пред повеќе од илјада фанови, певицата остро зборуваше за поранешниот сопруг и за колешките од естрадата.

·Магазин
Јелена Карлеуша му препорача кондоми на Душко Тошиќ по концертот во Подгорица

Јелена Карлеуша го заврши настапот во Подгорица пред повеќе од илјада фанови кои го пеешеја нејзиниот репертоар, но јавноста сега најмногу зборува за нејзините директни коментари пред камерите.

На прашањето за папарацo-фотографиите на кои нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ е снимен во доцните часови како купува нешто на трафика, Карлеуша без двоумење рече: „Мислам дека купува снус, но уште подобро ако купува некои кондоми, јас тоа би му го препорачала“.

Реакции и ироничен тон

Пејачката даде и поширока рекација за семејните планови кои ги најавија за наредниот период: „Искрено, нека му е со среќа. Нека дојде само во недела, да бидеме заедно семејно, за сè да помине кај Атина и Ника како што треба, а после тоа што ќе прави, што ќе купува и со кого, тоа му го препуштам нему – верувам во неговиот лош вкус“.

Кога новинар ја праша кои улоги би им доделила на колешките во својот „двор“, со посебен осврт на Цеца Ражнатовиќ, таа воздивна и со иронија ја опиша својата позиција: „Јас сум кралица на естрадата веќе 31 година, сè што требаше јас променив… Има тука доста слободни позиции – градинарка, чуварка на паркинг, а дворските луди се исто така секогаш на цена. Тоа се добро платени позиции во моето кралство.“

Додека Карлеуша даваше остри изјави, Душко Тошиќ престојува во Марбеља, Шпанија, каде што присуствуваше на гламурозна свадбена прослава. На социјалните мрежи сподели фотографии од свеченоста на која беа и манекенката Мина Милутиновиќ со својот сопруг, кошаркарот Немања Недовиќ и Мирјана Рутовиќ.

Престојот во Марбеља доаѓа непосредно пред голема семејна прослава во Белград – Карлеуша и Тошиќ подготвуваат свеченост за своите ќерки, бидејќи постарата ќерка Атина наскоро ќе наполни 18 години, а помладата Ника исто така има роденден во овој период.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи