Почетна
Македонија

Клековски лично врачи решенија за 109 договорци во Клиничката болница Тетово

Со денешните решенија, според Министерството, вкупниот број вработени во тетовската болница се искачи на 145, а мерката е дел од националните проекти за вработување на 1.500 договорци и 600 специјализанти.

·Македонија
Клековски лично врачи решенија за 109 договорци во Клиничката болница Тетово

Министерот Сашо Клековски денес лично врачи решенија за вработување на 109 лица во Клиничката болница Тетово, кои до сега беа ангажирани со договор на дело, соопшти Министерството за здравство на Фејсбук.

Во соопштението се наведува дека, заедно со решенијата кои беа врачени во претходните месеци, во Клиничката болница Тетово досега се вработени вкупно 145 лица од различни медицински профили — кадар што, според институцијата, е неопходен за нормално функционирање на установата.

До вработените министeрот им порача: „Ви честитам на сите и ви посакувам успешна работа, професионални успеси и многу посветеност во грижата за пациентите. Вашата работа е од огромно значење за нашето здравство.“

Во објавата се нагласува дека со ова се заокружува проектот за вработување на 1.500 повеќегодишни договорци, а наскоро ќе биде комплетиран и проектот за вработување на 600 специјализанти.

Веста предизвика реакции на социјалните мрежи: дел од граѓаните посочуваат дека многумина чекаа повеќе од десет години за да добијат решенија за работа, додека во болниците во земјата недостасува медицински кадар.

Корисници на социјалните мрежи исто така прашуваат што ќе се случи со договорците кои работат по слични ангажмани во прилепската и битолската болница — прашање што остана отворено по објавата за Тетово.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи