Почетна
Македонија

Македонија во портокалова фаза поради интензивен топлотен бран

Државата е во портокалова фаза поради екстремно високи температури; итната помош и водоснабдувањето бележат поголема активност.

·Македонија
Македонија во портокалова фаза поради интензивен топлотен бран

Македонија е ставена во портокалова фаза поради нов, интензивен топлотен бран; на повеќе места во земјата прогнозите предвидуваат температури кои ќе достигнуваат дури и до 40 степени Целзиусови.

Итната медицинска помош во речиси сите градови бележи зголемен број дневни интервенции, најчесто поради колапси и кардиоваскуларни компликации. Од штипската брза помош велат дека работата им се зголемила за дури 60 проценти во деновите со највисоки температури.

Потрошувачка на вода и состојба во Штип

Со растот на температурите се забележува и зголемена потрошувачка на вода. ЈП Исар - Штип најавува дека просечната потрошувачка за овој период се движи околу 185 л/с или околу 16000m3 дневно. Минималната потрошувачка се јавува во раните утрински часови околу 2 -3 ч и изнесува околу 100 л/с, додека максималната е во попладневните часови околу 18 до 20 ч и достигнува до 260 л/с. ЈП Исар тврди дека располага со доволен капацитет за обезбедување непрекинато водоснабдување, но повторува апел до граѓаните за рационално користење на водата за пиење.

Здравствените работници ги предупредуваат хронично болните да ја земаат редовно пропишаната терапија и при појава на симптоми на топлотен удар или силна исцрпеност веднаш да побараат медицинска помош. Разладените простории и внесот на течности не се луксуз туку основна заштита кога температурата се приближува до 40-тиот степен.

Според прогнозите, топлотниот бран ќе продолжи и во наредните денови, а попладне ќе има услови за локални поројни врнежи и грмежи. Земјоделците се советуваат да ги контролираат посевите и да преземат мерки за намалување на ефектите од високите температури.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи