Почетна
Политика

Мицкоски: Моштите на Делчев како резултат на Бледскиот договор се донесени во Скопје

Премиерот рече дека враќањето на моштите и чекорите на Софија треба да се гледаат низ призма на договорот од 1 август 1947.

·Политика
Мицкоски: Моштите на Делчев како резултат на Бледскиот договор се донесени во Скопје

Официјална Софија денеска го чествува враќањето на останките кои таму ги нарекуваат „бугарскиот цар Самоил“, а настанот во Скопје го следат со воздржаност.

Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање рече дека ваквите случувања треба да се гледаат низ призма на Бледскиот договор и повлече паралели со историски постапки по Втората светска војна.

„Јас тоа го коментирам во насока на Бледскиот договор којшто е постигнат веднаш после капитулацијата на фашистичка Бугарија, којашто ја има, би рекол, окупирано за време на Втората светска војна територијата на денешна Македонија. Некој тоа го вика ‘администрирање’ од политичарите, за среќа што се поранешни политичари, односно поранешни политичари на функции, значи сè уште активни во опозицијата преку совети на раководствата во опозицијата, си имаат свои кукли таму и си ги раководат. Што се однесува до пренесувањето на моштите, јас би се вратил назад неколку децении кога моштите на македонскиот великан Делчев, како резултат на тој Бледски договор, се донесени во Скопје. И тоа е нешто што треба нас како Македонци да нè прави горди, затоа што моштите на тој великан, којшто бил во свое време пред времето, симболизираат многу за македонскиот идентитет,“ изјави Мицкоски.

Што предвидуваше Бледскиот договор

Бледскиот договор бил потпишан на 1 август 1947 година во Блед, Словенија, од страна на југословенскиот лидер Јосип Броз – Тито и бугарскиот премиер Георги Димитров. Со него, Бугарија за прв пат ја признава македонската малцинство во Пиринска Македонија и македонскиот јазик и беше предвидено и идно обединување на Вардарска и Пиринска Македонија, како и културна автономија за Пиринскиот дел.

Договорот укина визи и го олесни граничниот режим, додека Југославија и простува на Бугарија 25 милиони долари воена штета. По расколот меѓу Тито и Сталин во 1948 година, Софија го раскина договорот на 1 октомври 1949 година.

Церемонијата во Софија и изјавите на Мицкоски го актуализираат прашањето на историската меморија и меѓудржавните односи, а во Скопје избегнуваат нагли политички реакции додека се следат дипломатските последици.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи