Почетна
Политика

Мицкоски: Нашето место во Европа треба да го градиме со реформи и национално достоинство

Премиерот ги повика граѓаните и политичарите на единство и институционални реформи додека се соочуваме со долгиот пат кон ЕУ.

·Политика
Мицкоски: Нашето место во Европа треба да го градиме со реформи и национално достоинство

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нашето место во Европа треба да го градиме преку реформи, знаење, силни институции и зачувано национално достоинство.

Нужно е мудрост и единство на патот кон ЕУ

Мицкоски нагласи дека Македонија мора да биде мудра и обединета на патот кон Европската Унија, и покрај долгогодишното чекање, условувањата и билатералните спорови кои ја комплицираат перспективата.

-Откако ја презедов оваа функција, сите говорат за желбите, за тоа каде би можеле да бидеме, но малкумина говорат за планините кои ги носиме и проблемите кои ги наследивме. И тие проблеми не дојдоа наеднаш, туку се наследувани и многу малку решавани во минатото. Затоа што се немало искреност и чесен пристап. А многу често политичките елити, особено претходните, се забораваа и на кантар ги ставаа работите кои не само што не се продаваат, туку се дел од нашиот код и од она што сме – рече Мицкоски.

Тој посочи дека е важно не само во кој правец се движи државата туку и да се има свест за последиците од минатото и за проблемите кои останале нерешени поради недостаток на искрен пристап од страна на претходните политички елити.

Мицкоски дополни дека македонското име, јазик, култура и историско паметење се дел од националниот идентитет и наследството што треба да им се пренесе на идните генерации.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи