Мицкоски: Повеќе ме загрижува иднината на ЕУ отколку статусот на преговорите
На промоцијата за ревитализација на хидроелектрани, Мицкоски рече дека нема информации дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија ќе добијат патокази за членство.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека повеќе се загрижува за иднината на Европската унија отколку за фактот што Северна Македонија не се спомнува во некои извештаи за патокази за пристапување, кои според објавите ќе им се дадат на други земји.
На промоцијата на проектот за ревитализација на хидроелектраните, тој рече дека нема информации како што беше објавено дека Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија ќе добијат патокази за пристапување и побара јасност од институциите на ЕУ.
Загриженост за пошироките тенденции во Европа
„Ако е тоа точно треба да ја прашате ЕУ зошто е тоа така. Таа информација ја објави медиум. Имајќи предвид дека ние испорачавме најголем дел од реформите што се дел од Реформската агенда и од П ланот за раст веќе во два извештајни период а и ако пристапувањето во ЕУ е процес кој се оценува врз основа на заслуги, за мене ова е нелогично. Затоа треба да видиме дали е така или не е, а м оите информации велат дека не е така“, рече Мицкоски на денешната промоција на ревитализацијата на хидроелектраните.
Тој додаде дека при креирање на политиките мора да се имаат предвид случувањата во соседството и во поширокиот регион: „Имаме неуспешен референдум во Исланд за рестартирање на преговорите со ЕУ, имаме три изборни циклуси во покраини во Германија, кадешто гледаме дека победуваат екстремни политички структури, одн осно структури што не се мејнстрим. Сите се тие антимигрантски и се против проширувањето на ЕУ. Напролет имаме претседателски избори во Франција. Според последните мерења, таму е фаворит Марин ле Пен и бројките велат дека ќе биде новиот претседател на Франција, барем како што денес стојат работите. Во моментов имаме две големи војни. Така што ова е некаков индикатор врз основа на кој ќе треба да ги градиме политиките во периодот што следи. Ние нашата домашна задача ќе ја работиме, другото не е до нас“, кажа Мицкоски.
Во својата третата година од владеењето, тој повтори дека владата има јасен план и дека домашните реформи остануваат приоритет, додека надворешните услови ќе влијаат на темпото и формата на евентуалното проширување на Унијата.
Фото: СДК.МК)


