Почетна
Политика

Минималната плата останува 26.000 денари – предлогот за 36.000 не доби поддршка

СДСМ го поднесе предлогот за зголемување, но мнозинството во Собранието не го поддржа; синдикатите предупредуваат дека многумина се под прагот на сиромаштијата.

·Политика
Минималната плата останува 26.000 денари – предлогот за 36.000 не доби поддршка

Минималната плата во земјата останува 26.000 денари откако предлогот за зголемување на 36.000 денари, поднесен од СДСМ, не доби доволно поддршка во Собранието и предизвика нов политички судир за тоа која партија застанува зад интересите на работниците.

Синдикатите повикуваат на повисоки плати, партиите се обвинуваат меѓусебно

Предлогот за зголемување за 10.000 денари го поднесе СДСМ, но мнозинството присутни пратеници во Собранието не го поддржаа. Последното зголемување на минималната плата беше во март и тогаш таа порасна за 1.600 денари согласно законското усогласување.

Од СДСМ ги критикуваат партиите чији пратеници не го поддржаа предлогот, а особено ја посочуваат Левица, потсетувајќи на нејзините предизборни ветувања за работничките права.

„Ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата, односно исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра. Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше“ – Богданка Кузеска, СДСМ.

Од Левица им порачуваат наместо да критикуваат повеќе да се занимаваат со нивната партија. Според нив, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со години водат политики во интерес на бизнисот, додека Левица продолжува да предлага закони за заштита на работничките права.

„Апсурдот е во тоа што законот на СДСМ предвидуваше парите за зголемувањето да одат од државата, а профитот да остане кај газдите. Левица е фокусирана на законска борба против оваа ненормална власт. Ние предложивме закон за зачувување на боледувањето и во процедура имаме други закони за квалитетот на животот. Немаме намера да се занимаваме со бизнис-партијата СДСМ" – Левица.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) побара повеќе да се вреднува трудот на работниците. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов оцени дека загрижувачки е тоа што голем дел од вработените земаат потпросечни плати.

„До шесто евра плата според податоците на УЈП за 2025 година имаат половина од работниците во Македонија. под 31.200 колку што е прагот на сиромаштијата има повеќе од една третина од работниците. Идат на работа, а сепак се сиромашни“ – Слободан Трендафилов, ССМ.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи