Момче повредено од тобоган во Бодрум ќе биде враќано со владин авион
За транспортот ќе биде искористен владин авион, а со момчето ќе патува и медицински тим.

Момче од Македонија кое претрпе скршеница на вратниот пршлен по пад од тобоган во Бодрум утре ќе биде превезено во земјава со владин авион.
По несреќата момчето беше хоспитализирано во Турција, но повредата е толку сериозна што транспорт со редовен комерцијален лет или со возило не е возможен.
Последните подготовки за итниот транспорт се во тек, откако родителите побарале помош од македонските институции за безбедно враќање на детето. За време на летот кај пациентот ќе биде и медицински тим кој ќе ја следи состојбата.
Дозволи и одобренија
Здравствените власти во Турција го одобрија превозот со авион наместо со медицинско возило. По барање на родителите, Фондот за здравствено осигурување го одобри транспортот, а одлуката ја поддржува и Министерството за здравство.
По пристигнувањето во Македонија, момчето ќе го продолжи лечењето во домашна здравствена установа по избор на семејството и лекарите.
Владата истакна дека вакви случаи ја нагласуваат потребата од набавка на нов владин авион за да се обезбедат брзи и безбедни медицински транспортни операции.
Фото: Архива на