Почетна
Македонија

Нема подолги задржувања на граничните премини; патиштата се проодни

На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, а патот Охрид–Ресен преку Галичица е отворен за возила до 3,5 тона.

·Македонија
Нема подолги задржувања на граничните премини; патиштата се проодни

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е нормален и се одвива без подолги прекини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Препораки од АМСМ

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Од здружението предупредуваат на можност од појава на одрони во котлините, речните долини и клисурите и посочуваат дека тоа особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

Совет до возачите е да го прилагодат начинот на возење кон условите на патот и да ги следат упатствата на надлежните служби додека не се стабилизира состојбата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи