Почетна
Македонија

Опозицијата бара одговорност по случајот со АЛТА банка

Опозицијата ја критикува регулацијата и бара меѓупартиска надзорна расправа за улогата на Народната банка и ризикот за јавните средства.

·Македонија
Опозицијата бара одговорност по случајот со АЛТА банка

Политичката напнатост по случувањата во АЛТА банка прерасна во отворен судир меѓу власт и опозиција откако гувернерот на Народната банка се обиде да ја смири јавноста со тврдењето дека банката е „ликвидна и високо капитализирана“. Опозицијата контрааргументите ги насочи кон прашањето за регулаторската одговорност и сигурноста на јавните средства.

Опозицијата бара конкретни одговори

Од ДУИ поставуваат низа директни прашања за начинот на избор на АЛТА банка како примател на јавни пари и за евентуалната употреба на независни проценки. „Врз основа на кои критериуми и независни проценки се избирала АЛТА банка? Дали постоело директно политичко влијание врз раководителите на институциите? Дали воопшто биле анализирани ризиците поврзани со сопственичката структура на банката и зошто беа игнорирани евентуалните предупредувања?“ велат од ДУИ.

ЛДП и Левица пак обвинуваат за целосна неодговорност на надлежните регулатори, побарувајќи итно укинување на рестриктивните мерки и утврдување на институционална одговорност за создадениот хаос. Дебатата го задржа вниманието и на синоќешната анализа на ТВ 24, каде што експерти и политичари расправаа за обемот на проблемот и можните решенија.

Собраниската комисија за финансирање и буџет одлучи да одржи официјална надзорна расправа со наслов: „Причини за воведувањето администрација во АЛТА банка АД Битола, улогата и постапувањето на Народната банка и институционалната одговорност“. Комисијата ќе ја испита хронологијата на настаните, одлуките на регулаторот и евентуалните пропусти на државните органи.

Во расправата во Парламентот дојде и до судир поради формулацијата од почетниот предлог на опозицијата која го содржеше изразот „за измамата на граѓаните“ — таа реченица беше отстранета по инсистирање на владејачкото мнозинство, со образложение дека Собранието не смее да презема улога на суд и однапред да носи обвинувачки заклучоци.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи