Почетна
Политика

Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана, влезот во ЕУ да се издигне на ниво на национална безбедност

На панел организиран од институтот „Абдилаким Адеми“, Османи рече дека забавата на процесот носи ризик од иселување и геополитичка изложеност.

·Политика
Османи: Одложувањето на евроинтеграциите станува егзистенцијална закана, влезот во ЕУ да се издигне на ниво на национална безбедност

Бујар Османи предупреди дека понатамошното одложување на евроинтеграциите се претвора во егзистенцијална закана за Северна Македонија и порача дека зачленувањето во Европската Унија треба да биде издигнато на ниво на национална безбедност, на панел-дискусија организирана од институтот „Абдилаким Адеми“.

Демографските и геополитичките ризици

Османи нагласи дека забрзувањето на евроинтегративниот процес и намалувањето на развојниот јаз меѓу нашата земја и ЕУ повеќе не се само прашања на животен стандард, туку и на демографскиот опстанок.

„Песимистичкото сценарио на ОН предвидува дека до 2100 година нашата земја би можела да остане со само 524 илјади жители. Колку е поголем развојниот јаз меѓу нас и ЕУ, толку е посилен притисокот за иселување“, истакнал Османи.

Тој предупреди и за геополитички опасности, посочувајќи дека во период кога сè почесто се зборува за „Јалта 2“, враќање на сферите на влијание и договори меѓу големите сили, Западниот Балкан не смее да остане во сивата зона на Европа.

„Историјата нè научи дека кога големите сили преговараат за сфери на влијание, малите држави ризикуваат да станат предмет на договори, наместо субјекти на одлучување“, оцени тој и побара секој друг државен приоритет да се оценува низ призмата на оваа стратешка определба.

„Ризикуваме истовремено да изгубиме две работи: нашите луѓе преку иселувањето и нашата иднина преку геополитичката неизвесност. Времето се претвора во нашата најголема закана“, заклучи Османи, повикувајќи на итни и приоритетни чекори за забрзување на интеграцијата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи