Почетна
Магазин

Преподобен Јоаникиј Велики — денешен празник и молитва

Верници и МПЦ‑ОА денес го чествуваат Joаникиј Велики — подвижникот од Марикати чиј живот е исполнет со чуда.

·Магазин
Преподобен Јоаникиј Велики — денешен празник и молитва

Македонската православна црква и верниците денеска го одбележуваат празникот посветен на Преподобен Јоаникиј Велики, подвижникот и чудотворецот кој од војник се обратил во строг монашки живот.

Јоаникиј се родил во селото Марикати во Витиниска област, како син на Миритрикиј и Анастасија. Уште како дете ги пасел овците и често се повлекувал во самотија, поминувајќи цели денови во молитва и го означувал стадото со знакот на крстот за да не се разотиде додека тој се моли.

Пораснал и се придружил на војската, каде што стекнал слава поради чудесна храброст, особено во војните против Бугарите. По завршувањето на службата, решил да го остави световниот живот и се засоловил на Азискиот Олимп, каде што се замонашил и се предал на строг духовен подвиг.

Житието и чудата

Повеќе од педесет години се подвизувал на различни места, а според црковните преданија од Бога добил дар на чудотворство. Житијата сведочат дека лечел болести, изгонувал демони, скротувал диви ѕверови и посебно имал власт над змиите.

Се вели дека можел да преминува преку вода како по суво, да станува невидлив за луѓето кога ќе посакал и да ги пророкува идните настани. И покрај надворешната сила и крупност, се одликувал со големо смирение и кротост.

Живо учествувал во судбината на Црквата и бил близок пријател со цариградскиот патријарх Методиј. Се упокоил мирно во Господ во 846 година, на 94-годишна возраст, и по смртта останал голем чудотворец.

На денешниот празник верниците се обраќаат кон него за исцеление, мир во домот и заштита од зло. Во молитвата се вели: "Јоаникие, оче наш преподобен, Тебе на кого надеж ти е Отецот, прибежиште Синот, а покров Духот Свети, моли се о, ти кој велик си пред Господа, за оние кои го празнуваат твојот свет спомен и на Бога – Пресвета Троица слава воздаваат во сите векови. Амин!"

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи