Почетна
Политика

Пучисти и одработувачи во служба на Мицкоски – Филипче и СДСМ жестоко возвратија на поранешните сопартијци

Филипче тврди дека платформата ги дефокусира граѓаните од економските прашања; платформата возвраќа дека тој е „претседател на фиктивни картички“.

·Политика
Пучисти и одработувачи во служба на Мицкоски – Филипче и СДСМ жестоко возвратија на поранешните сопартијци

Претседателот на СДСМ Венко Филипче жестоко ги нападна поранешните високи функционери кои основаа платформа под името „Разговори за иднината во 12:05“, опишувајќи ги како „мала група пучисти во служба на Мицкоски“ и тврдејќи дека нивните барања за негова оставка имаат за цел слабеење на партијата.

На дебатата што ја организира платформата учествуваа и претставници на Левица, ЛДП и Српската странка во Македонија. Според Филипче, присуството и активноста на новата група се „во служба“ на премиерот и треба да го дефокусира јавното внимание од клучните теми: дата центри, рудници, задолжување, минимална плата и пензии.

Реакции и контраобвинувања

„Ќе ми даделе предлог што ние да правиме. Па јас знам што пишува таму, затоа што е напишано во Белата палата и едитирано од Латас,“ вели Филипче, и додава дека платформата се појавила токму кога рејтингот на власта паѓа, а рејтингот на СДСМ „полека, но сигурно, расте”.

Тој посебно го критикуваше заедничкото седење со Левица – партија за која рече дека отворено соработува со Русија и Кина и која во Собранието држела транспарент „НАТО убива за профит“, вели Филипче.

Платформата возврати дека „Филипче не е претседател на членството СДСМ туку претседател на фиктивни картички за гласање, а тоа го покажа и прес-конференцијата на која зад него застана само половина раководство. Со Левица имаме многу разлики, но сме согласни дека „на ти – дај ми“ тандемот Мицкоски – Филипче мора да биде поразен,“ реагира платформата.

„Со хистеријата која упорно се обидува да ја наметне Венко Филипче, тој свесно ги одвраќа опозициските гласови од СДСМ затоа што е уценет и мора да одработи во полза на ВМРО – ДПМНЕ,“ додадоа од платформата. Таа најави дека следната недела ќе ја претстави својата програма за консолидација и окрупнување на опозицискиот фронт.

Опозициската ВМРО‑ДПМНЕ го критикуваше денешното обраќање на Филипче, а премиерот Христијан Мицкоски оцени дека платформата ја пропуштила можноста да остави позитивен впечаток затоа што „ги потценува граѓаните, со тоа што тврди дека гласаат за ВМРО‑ДПМНЕ, поради тоа што немаат друг избор.“ На прашање дали зад членовите на платформата стои власта, премиерот рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на опозициската партија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи