Почетна
Македонија

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Внатрешниот дел е целосно обновен; во следната фаза ќе се реконструираат кровот и фасадата.

·Македонија
Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија

Реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија при Клиничкиот центар е пуштена во употреба по обнова на внатрешноста која опфати 891 метар квадратен, а следната фаза ќе ги опфати покривот и фасадата.

Внатрешноста целосно обновена, надворешните работи остануваат

Раководството на клиниката проектот го оцени како претворање на запуштен дел од болницата во функционален објект, со подобрување на условите за работа на персоналот и зголемена удобност за пациентите.

"Од слепо црево на Клиничкиот центар, овој објект стана функционална зграда. Целосно е обновен внатрешниот дел на Клиниката, а во следната фаза ќе се реконстгруираат и кровот и фасадата. Од запуштен објект добиваме функционална средина, попријатна за работа на медицинскиот персонал, но што е најбитно, и за пациентите. Напорно работевме покрај просторните услови да го подобриме и капацитетот на лекарите и останатиот персонал," изјави директорот на Клиниката, Јован Божиновски.

Во рамките на уредувањето, информираат од клиниката, се обезбедени 38 финансиски согласности за вработување, од кои 25 веќе се реализирани.

Одговорните додаваат дека со реконструкцијата се враќаат во употреба 891 м² кои порано беа нефункционални, а откако ќе завршат и кровот и фасадата проектот ќе биде комплетиран.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи