Почетна
Македонија

Собранието го отвори прашањето за заштита на учениците од западнонилска треска

Пратеници побараа итни проверки и инструкции од ИЈЗ, МЗ и МОН откако епидемијата продолжува.

·Македонија
Собранието го отвори прашањето за заштита на учениците од западнонилска треска

Епидемијата со западнонилската треска влезе во фокусот на собраниската расправа пред стартот на учебната година, откако опозицијата побара од министерот за здравство конкретни протоколи за заштита на учениците.

Сања Лукаревска – пратеничка на СДСМ ја искористи говорницата да побара итни проверки и јасни инструкции од здравствените служби: „Дали е направена итна проверка на училишниот двор и околината на сите училишта, да се отстранат сите места каде што се задржува вода, да се побара од општината или центарто за јавно здравје - инспекција и третман на училишниот двор, да се проверат комарници на прозорците и на вратите, ако училиштето има климатизација каде што е можно прозорците да останат затворени во периодот на најголема активност на комарците, да се избегнуваат активности на отворено во периодот со најголем ризик да има комплетна транспарентност до родителите и учениците и затоа сите овие мерки потребно е да бидат доставени од страна на ИЈЗ со посредство на МЗ па дури со МОН да го смириме стравот во соодветните училишта, ова е уште еден доказ дека несоодветно се справувате со западно-нилската треска".

Министерот за здравство Сашо Клековски возврати дека мерките биле преземени навреме, дека се извршени вонредни дезинсекции во општините каде е прогласена епидемијата и дека дополнително е едуцирано населението кое е најризично.

Проверки, демографија и заштита на учениците

Клековски изјави дека надлежните извршиле проверки на потенцијални жаришта, вклучително и во училишните дворови, и увери дека учениците не се сметаат за ризична група. Тој порача: „Имаме неколку деца кои беа тестирани на западно нилска треска и беа негативни, најмладиот пациент што беше заразен имаше 25 години и немаме ниту еден засегнат под 25 години и во согласност со тоа не беа преземени посебни мерки за зштита, а во однос на општите мерки на заштита градоначаниците од скопскиот регион и другите засегнати општини во проверката на можни жариштаизвршија проверки и на училишните дворови на можна застојана вода како потенцијален ризик, а во однос на личната заштита не се преземни посебни мерки за советување учениците бидејќи оваа демографска група не спаѓа во ризик".....

Според најновите информации од здравствените власти, шест пациенти и натаму се хоспитализирани на Инфективната клиника во потешка состојба, од кои двајца се на апарати за дишење. Од почетокот на годинава потврдени се вкупно 58 случаи на вирусот, а регистрирани се и осум смртни случаи.

Епидемија беше прогласена на почетокот на минатиот месец во пет скопски општини. Пратениците побараа појасни упатства за училиштата и побрза комуникација до родителите со цел да се намали загриженоста со почетокот на наставата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи