Почетна
Политика

Тошковски: Кривичните настани се евидентираат во тефтер, дигитализацијата оди бавно

Министерот предупредува на бавно темпо на дигитализацијата и бара системски измени за подобра заштита на жртвите.

·Политика
Тошковски: Кривичните настани се евидентираат во тефтер, дигитализацијата оди бавно

Министерот за внатрешни работи Тошковски предупреди дека системското евидентирање на кривичните настани во министерството е слабо и дека вградувањето на нови дигитални процедури оди бавно.

„Мораме системски да работиме и подобруваме. Кривичните настани се уште се евидентираат во тефтер, а дигиталзиациајата оди бавно,“ истакна Тошковски при објаснувањето на состојбата во службите за евиденција.

На прашањето кои мерки се преземаат поради зголемените реакции во јавноста за случаите на фемицид, министерот рече дека се потребни многу измени во пристапот на постапување и во оперативните процедури.

Бавно воведување на промени

Тошковски посочи дека процесот на реформи и дигитализација се одвива и дека службите работат на тоа, но дека промените се макотрпни. „Се работи макотрпно, но потребно е време, порача Тошковски.“

Неговите изјави ги нагласуваат долготрајните предизвици во модернизацијата на полицијата и заштитата на жртвите, при што експертите и активистите влечат паралели со потребата за побрзо споделување на информации и поефикасна евиденција.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи