Почетна
Македонија

УХМР: Облачно со повремен дожд, на места пообилни врнежи

Локално пообилни врнежи над 25 л/м²; северен ветер, вдолж Повардарието повремено засилен; од утре постабилно.

·Македонија
УХМР: Облачно со повремен дожд, на места пообилни врнежи

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува облачно време со повремени врнежи од дожд за денешниот ден.

Врнежите локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен северен ветер, а вдолж Повардарието ветарот повремено ќе засилува.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 6 до 14 степени. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен слаб дожд, со температури од околу 8 степени во утринските часови до 12 степени попладне и слаб до умерен северен ветер.

Краткорочна прогноза

Според најавата на УХМР, од утре времето ќе биде постабилно и суво со променлива облачност. Од петок облачноста постепено ќе се намали, а за викенд се очекуваат постудени утра и температури кои на некои места ќе паднат под нулата.

Фото: МИА

Поврзани написи