Почетна
Македонија

Владата ќе го гради Чебрен и Галиште

По повеќе од три децении неуспешни обиди, државата најавува почеток на изградба; дополнителни инвестиции за модернизација на електрани.

·Македонија
Владата ќе го гради Чебрен и Галиште

Владата соопшти дека ќе го финансира и ќе го гради долгогодишно одложуваниот хидроенергетски проект Чебрен и Галиште, по повеќе од три децении неуспешни тендери и обиди преку јавно‑приватно партнерство.

Премиерот Мицкоски рече дека има "заинтересирани финансиски институции кои сакаат да инвестираат" и дека „ако сè биде како што треба, може да се очекува следната година да биде ставен камен‑темелник“. Тој истакна дека придобивките за државата од реализирањето на проектот се повеќекратни и дека изградбата нема да биде завршена само од една Влада.

Модернизација на постоечките електрани

Покрај најавата за Чебрен и Галиште, Владата планира да инвестира 46 милиони евра во следните неколку години за модернизација на шест големи хидроелектрани во рамките на трите хидроенергетски системи „Маврово“, „Црн Дрим“ и „Тиквеш“.

Парите ќе се користат за замена на застарена опрема, со цел да се намалат прекините во работата, да се продолжи работниот век на постројките и да се зголеми оперативната безбедност.

Идејата за Чебрен потекнува уште од 1964 година. По низа пропаднати тендери и децении откако проектот остана не реализиран, властите сега тврдат дека се блиску до одлука за државно финансирање и реализација, но останува да се види дали најавените рокови ќе бидат исполнети.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи