Почетна
Македонија

Водата во тетовскиот водовод има непријатен мирис и вкус, но надлежните велат дека е исправна за пиење

ЈКП „Шар“ и Центарот за јавно здравје — Тетово објаснуваат дека органска материја од Шар Планина може да предизвика мирис, но лабораториите ги потврдуваат критериумите.

·Македонија
Водата во тетовскиот водовод има непријатен мирис и вкус, но надлежните велат дека е исправна за пиење

Со доаѓањето на есента, тетовци повторно пријавуваат непријатен мирис и вкус на водата од градскиот водовод — појава која се појавува секоја година и го буди прашањето дали водата е исправна за пиење.

Јавното комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“, кое стопанисува со водоводната мрежа во Тетово, информира дека водата е хемиски и бактериолошки исправна за пиење. И последните лабораториски анализи од Центарот за јавно здравје — Тетово ја потврдуваат исправноста.

Објаснување од ЈКП „Шар“

„Според лабораториските анализи и редовното следење на квалитетот на водата од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје  Тетово, документираните резултати потврдуваат дека анализираните примероци вода ги исполнуваат пропишаните критериуми за вода за пиење. Во есенскиот период, особено по врнежите и опаѓањето на лисјата на Шар Планина, повремено може да се појави карактеристичен мирис на растенија. Ова може да биде поврзано со органските материи што се ослободуваат при разградувањето на растителниот материјал и стигнуваат до водните извори. Појавата на ваков мирис не значи нужно влошување на квалитетот на водата. Безбедноста на водата за пиење се утврдува со лабораториски анализи, а не само според мирисот или вкусот. Според приложените резултати од контролата, анализираната вода ги исполнува условите за пиење“, се вели во соопштението доставено од ЈКП „Шар“.

Претпријатието ја потенцираше разликата меѓу сетилните впечатоци и резултатите од лабораторијата и ги повика граѓаните да се информираат преку официјалните анализи, наместо да се водат само по мирисот или вкусот.

Надлежните најавија дека ќе продолжат со редовни земања примероци и мониторинг, а засега нема податоци од анализите кои укажуваат на хемиска или бактериолошка контаминација што би ја направила водата неисправна за пиење.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи